Вести Македонија Топ вести

Лекарот Ацо Трповски бил убиен на друго место, а не во неговиот автомобил- тврди заменик министерот Бојмацалиев

Матичниот лекар Ацо Трповски бил убиен на друго место а не во неговиот автомобил изјави за Слободен печат утрово дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

„За месец дена на територија на Скопје има два немили настани, убиството на лекарот Ацо Трповски и пукањето во Арачиново. Имавме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради недоволни докази. Според наши сознанија лицето не е убиено во автомобилот туку е донесено телото и оставено во автомобилот. Не се откриени мотивите за убиството “изјави Бојмацалиев за Слободен печат.

Лекарот Ацо Трпковски беше најден избоден и искрварен на паркинг пред поликлиниката Железара на 21.03.2023. Итната помош констатирала смрт на 67-годишниот колега. Првично беше утврдено дека жртвата имал 9 убодни рани

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе