(Фото: Ѓорѓи Личовски) По потпишувањето на Кодексот за фер избори, на излез од зградата на НИП-от каде се наоѓа Државната изборна комисија се сретнаа двајцата претседателски кандидати, актуелниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
Османи и Таравари се поздравија и си пружија рака. Двајцата се борат за гласовите на граѓабите, пред се во албанскиот електорат, на претседателските избори кои ќе се оддржат на 24-ти април.
Таравари е кандидат на опозициската коалиција “Вреди” и од вчера со судска одлука остана без партиските печати на Алијансата за Албанците, чиј партиски претаедател е. Османи е кандидат на ДУИ.