Вести Македонија Топ вести

Демократската партија на Турците се придружува на Европскиот фронт- Најавуваат кандидатски листи во сите изборни единици

Демократската партија на Турците се придружува на Европскиот фронт. До сега функционираше како дел владеачката коалиција предводена од СДСМ. Претседателите Бејџан Илјас и Али Ахмети потпишаа договор за долгорочна и, како што велат, братска соработка.

Најавуваат кандидатски листи во сите изборни единици. Изминативе денови, ДУИ веќе потпиша договор за изборна соработка со Мендух Тачи, Аријанит Хоџа и Скендер Реџепи-Зејд.

  • Имавме неколку конкретни средби со другите политички субјекти. Но, предлогот на овој Фронт, или – подадената рака на Ахмети беше најискрена. Не се многу важни позициите или договорите, но можам да кажам дека како партија ги имаме најдобрите позиции во историјата на партијата. Ние бараме поддршка не само од Албанците или од Турците, бараме поддршка и од Македонците, Босанците, Ромите, Власите. Ние како Европски фронт ќе имаме листи и во Третата и во Четвртата изборна единица. Иако таму нема Албанци, има граѓани на Република Северна Македонија што треба да не поддржат- Бејџан Илјас, претседател на Демократската партија на Турците.
  • Имаме само една разлика, а тоа е јазикот. Сите други работи ни се заеднички а 22 години сме биле поделени. Ова партнерство, овој фронт и вие – почитувани припадници на турската заедница, самите ќе се уверите дека ова ќе биде повеќе од политика! Ова ќе биде братска соработка! Ние правиме заеднички обиди земјата да ја зачлениме во ЕУ, да ги зајакнеме документите што се неспорни: Охридскиот договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, и не случајно мотото на фронтот ќе биде: „Да за Европа! Не за Русија“- Али Ахмети, претседател на ДУИ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе