Вести Македонија

Шкријељ во „Топ тема“: Ниските плати не се единствена причина за иселување на младите, сакаме да се вратат и стекнатото искуство да го применат тука

Стареењето на населението со иселувањето е комбиниран проблем во државата. Две децении овој регион, вклучително и нашата држава, се соочува со тој проблем“, рече Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Од една страна имаме стареење на населението, од друга страна имаме иселување на младите. Тоа е факт, тоа е тренд што нè следи две децении. Се согласувам дека ниските плати не се основната причина. Младите сакаат квалитетен живот, сакаат многу други услови, меѓутоа младите сакаат и да го менуваат местото на живеење, местото каде студираат. Донекаде ги поддржувам, затоа што не сакам да се сведеме на онаа реторика дека младите не треба да одат да живеат, да престојуваат на студиски престој. Глобализацијата е тоа. Од една страна е позитивно, но сакаме да се вратат и тоа што го стекнале како искуство, да го применат тука“, вели Шкријељ.

Таа истакна дека младите сакаат квалитетно образование, квалитетно здравство, сакаат квалитетен живот надвор од она што значи работно место, множност да патуваат, можност да одат на студиски престој, итн.

„Тргнуваме од тоа дека младите сакаат квалитетно образование. И сите политички партии ќе кажат дека се залагаат за квалитетно образование. Но, факт е дека, и тоа навистина мора да го направиме, дека ние не успеваме да седнеме и да се договориме и да кажеме дека тоа е навистина национално прашање, натпартиско прашање, па да се тргнеме од дневното политиканствот кога станува збор за реформи на образованието и да се направат тие реформи“, порача Шкријељ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе