Вести Македонија Свет

ЕУ донирала 31 милијарда евра и 500.000 артилериски гранати во Украина- Борел за трансформацијата на Европа која е „во опасност“ и одбраната ја става на прво место

Европа е во опасност од геополитичката ситуација. Комесарот Борел со порака за трансформацијата на ЕУ во областа на одбраната и безбедноста. Каде е Македонија?

Европа е во опасност, многу е направено, но мора уште повеќе и тоа брзо, со оваа порака евро комесарот за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, известува дека Европската Унија се трансформира и се повеќе вложува во одбраната.

Неговата колумна објавена во веб гласилото на ЕУ за дипломатијата, почнува со потсетување дека на последниот Совет на Европската Унија, централна тема била одбраната. Блокот кој не беше познат по развојот на безбедносните политики и се потпираше на сојузничката организација НАТО, по руската инвазија на Украина го смени пристапот во ова поле и почна да развива и да вложува во одбраната.

Нова опасност се и хибридните закани, со кои војувањето веќе не се одвива само на бојното поле туку и преку економијата, социјалните права и средствата за јавно информирање бомбардирани со дезинформации.

Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика: Во исто време, сведоци сме на враќањето на „старите“ конвенционални војни и на раст на  „новото“ хибридно војување кое се карактеризира со сајбер напади и со вепонизација (правење на оружје) од се, од трговија до миграција. Оваа влошена геополитичка средина ја става Европа во опасност.

Европската Унија е втор по големина донатор на Украина по Америка. Досега има донирано опрема и вооружување во вредност од над 31 милијарда евра, но нема да сопре, ветува Борел. Потенцира дека досега од државите на ЕУ во Украина биле испратени над половина милион артилериски гранати и ракети.

На почетокот на март, Унијата објави дека ќе ја трансформира и индустријата кревајќи го нивото на Одбранбената индустрија и производство на оружје, опрема и муниција со посебна стратегија, за првпат изгласана од ЕУ.

Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика: Треба да поттикнеме многу повеќе заеднички набавки, подобро да ја осигураме безбедноста во нашето снабдување, да ја одржиме украинската одбранбена индустрија во Европа и да организираме маовен индустриски раст.  Исто така, треба да ги развиваме новите воени технологии како што се дроновите или вештачката интелигенција.

Борел ги пребројува и парите кои земјите на ЕУ ги даваат во одбраната, зголемени се за 40 % повеќе отколку пред руската агресија, но уште се далеку од 2 проценти од БДП. Дел од воената помош на ЕУ, според Борел завршил и во Македонија за набавки и за регионална соработка.

Македонија како држава, оваа година треба да стигне и да го надмине НАТО договорениот процент за одбранбени трошоци кои во 2024-тата треба да бидат 2,05 % од Бруто домашниот производ.

Во моментот, најголем „инвеститор“ во одбраната во западниот Балкан е Србија, но оваа година според Балкан Дифенс монитор, водството ќе го преземат НАТО членките,  Македонија и Албанија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Трипати Мицкоски, еднаш Ковачевски, ниту еднаш Ахмети- кој беше споменат во говорот на новиот претседател Силјановска

Дејан Дејан

Едно лице загина, многумина се повредени при удар на зграда во јужна Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе