Вести Македонија

Соголени шумски предели поради дрвократството кое со години наназад се случуваше на Шар Планина

Соголени шумски предели поради дрвократството кое со години наназад се случуваше на Шар Планина. Од Јавната установа која раководи со Националниот парк велат на местата каде била пренагласена бесправната сеча има деградација на шумските комплекси. Направени се и огромни штети на дрвјата поради големите шумски пожари, кои се регистирани заедно со инспекторите.

„Од високо стеблени и убаво сочувани шуми сега веќе имаме деградирани шуми каде што сколоп е потполно нарушен, при што основните функции шумата не е во состојба да ги извршува така како што треба да ги извршува. Имаме шумски пожари на повеќе места на Шар Планина. Констатиравме дека на две локации има сериозни нарушувања на површините каде што стоечки стебла од бука се од високота температура која се развива при пожарот, така што имаме појава на нивно сушење и паѓање на добар дел од стеблата“, изјави Милорад Андриески, раководител на одделението за одржливо користење на природни ресурси.

Откако подрачјето е прогласено за заштитено, Установата прави напори за да се зголеми контролата, а воедно и да се надоместат штетите. Во фаза на изработка е сеопфатна анализа за состојбата на шумите, а денес потпишаа договор за соработка со холандска компанија, односно донација за ревитализација на шумските комплекси.

„Оваа година ќе пошумиме неколку површини кои се оштетени од пожари во минатото. Меѓутоа со изработка на планските документи што веќе сме во тек на изготвување за нашиот Национален парк, деталните методи коишто ќе ги вршиме во природа ќе бидат дополнително утврдени“, изјави Андриески.

„Да помогнеме во пошумување на Шар Планина што ќе ја претвори во многу убаво место“, изјави Руд Де Бруијн, Компанија „Пјуар промајс“.

Шар Планина беше прогласена за Национален парк во 2021 година.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе