Вести Македонија

ДИК ги усвои предлог-програмите за едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите

Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука за објава на опис на избирачки места на веб-страната на ДИК, и ги усвои програмите за задолжителна едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите.

На 89. Седница ДИК донесе одлука да се објават описите на избирачките места на веб-страницата на ДИК и да ги информираат граѓаните за начинот на објавување.

Во однос на Предлог – програмата за задолжителна едукација на изборните органи, тие посочија дека таа е со цел поголема професионалност и одговорност на изборните органи во спроведувањето на изборите.

– Сите сертифицирани обучувачи, околу 130 врз основа на план и програма прават задолжителна обука за сите изборни органи, им се даваат пишани прирачници и практични интерактивни обуки, посочи членот Борис Кондарко.

На овој начин, според него, придонесуваат кон унификација и воедначена примена на Изборниот законик.

Предлог – програмата за едукација на граѓани, како што дополни, е со цел да ги информираат граѓаните и гласачите за начинот на остварувањето на нивните права и во овој дел ќе биде опфатена и во јавна медиумска кампања

Во однос на Предлог – програма за едукација на други чинители во изборите, како што се политички партии, кандидати, медиуми и невладини организации, програмата има за цел правилно или прецизно информирање за изборните процеси и елиминација на можноста од дезинформирање и пласирање лажни информации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе