Вести Македонија

Тетовските пензионери нема каде да бидат згрижени доколку останат сами, во градот нема старечки домови

Иако има 11 соби во кои би можело времено да се сместат повозрасни лица во Здружението на пензионери во Тетово, условите во нив се многу лоши. Долгодишниот предлогот до локалните самоуправи да помогнат во нивно реновирање и опремување, сѐ уште никој не го прифатил.

Тетовските пензионери нема каде да бидат згрижени доколку останат сами, затоа што во градот нема ниту старечки дом.

„Таа идеја само како идеја постои засега, ние имаме 11 соби кои треба да се реновираат, за да се оспособат а може да примиме некад еоколу 15 пензионери. Ние инсистираме и градба на пенионерски дом, за да се прифатат поголем број пензионери, затоа што знаете сега младите одат во странство ги оставаат старите дома, некој моќни некој не моќни да одат до аптека да купат лекови“, вели Селвер Мемети, претседател на Здружение на пензионери Тетово.

Пензионерите заеднички го исчистија и го разубавија дворот на објектот на Здружението, едно од ретките места каде можат да се дружат. Но, во градот нема други услови за одмор и прошетка, затоа што стана бетонска џунгла.

„Што се однесува за место за прошетка и одмор, за жал Тетово се претвори во една бетонска територија каде што тие зеленила кои ги имаше во минатото, се претворија во градби. Ние создадовме минимални услови да го уредиме нашето дворче, поставивме и клупи“, изјава Мирко Јовчески, Здружение на пензионери Тетово.

Инаку Здруженито брои над 13 000 членови, претежно пензионери со ниски примања, затоа што голем дел биле дел од текстилната индустрија.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе