Вести Македонија

Гласен текстилец: Треба да се бориме за достојна плата за живот, а не да ја гледаме просечната плата

Македонските граѓани треба да имаат плата за живот од 72.300 денари, покажаа калкулациите кои ги прават невладините низ Европа, а во кои е вклучен и Гласен Текстилец. Кристина Ампева вели дека треба да се зборува за плата за живот, а не за минималец, за да има социјална правда и доволно средства за егзистенција на работниците и нивните семејства.

Во пресметките за плата за нормален живот освен стандардните параметри здравство, култура, образование, комунални услуги, се калкулираат и трошоците што едно четиричлено семејство ќе ги има за еднаш во годината да си дозволи еднонеделен одмор.

Пресметката покажува дека минималната плата покрива само 29% од трошоците за живот. Според ова Ампева вели дека  просечната плата не ја отсликува реалната состојба, зашто тоа е пресек од највисоки и најниските примања.

Најблиску до плата за живот се Турција и Полска, а зад нас се Бугарија и Албанија каде минималната плата покрива одвај 20% од месечните трошоци.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе