Вести Македонија

Ковачевски, Спасовски, Лукаревска, Филипче, Митрески и Петровска носители на листите за пратеници на СДСМ

СДСМ денеска одржува седници на Централниот и на Извршниот комитет, а попладнево ќе одржи конгрес на кој ќе биде донесена одлука за листите за пратеници за парламентарните избори 2024 на 8 мај.

Неофицијално, носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица е Димитар Ковачевски, а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП. Во втората изборна единица прв е Оливер Спасовски, а зад него Фатмир Битиќи, во третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката  Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во Шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска, а зад неа е Агрон Демири.

На 28. Конгрес на партијата што започнува во 18 часот треба да се донесе конечна одлука за носителите на кандидатските листи за парламентарните избори, а пред делегатите ќе биде презентирана и програмата за претстојните избори.

Потпретседателката Лукаревска рече дека при креирањето на листите се внимавало на секој сегмент и дека СДСМ има најдобра кадровска понуда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе