Вести Македонија

Низа неправилности на Клиниката за очни болести утврдил Државниот завод за ревизија

Воведени дежурства без согласност од Министерството за здравство, двојно повеќе прегледи со итни упати отколку во редовни термини, наплатени 65.000 евра помалку за болничко лекување, ова се забелешките од ревизорскиот извештај за Клиниката за очни болести. Ревизија е извршена на две сметки на Клиниката за 2022 година.

„Во текот на 2022 година набавени се лекови во износ од 619 илјади денари во период кога постапката за јавна набавка се уште не била спроведена. Набавката на лекови е вршена на реверс, а фактурите се изготвени и доставени до Клиниката по склучувањето на договорите за јавна набавка. Во системот за електронска евиденција на здравствени услуги е евидентирано дека 950 пациенти со задоцнување доставиле доказ/потврда за ослободување од партиципација во износ од 2,4 милиони денари, но не е доставена поткрепувачка документација за истото“, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Ревизорите утврдиле и лекување на дел од пациентите со лекови кои не се на позитивна листа, а за нив се обезбедува надоместок од Фондот за здравствено осигурување.

Од Државниот завод за ревизија велат дека Клиниката за очни болести не дала забелешки за овој ревизорски извештај. Ревизорот им дал препораки на одговорните на Очната клиника како да ги надминат слабостите при процесот на прием, издавање и потрошувачка на залихите на материјали.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија добива републичка пожарна со пренаменети армиски и полициски возила

Дејан Дејан

Продолжува потрагата по исчезнатите во Тексас – најмалку 51 загинат, меѓу нив 15 деца

Дејан Дејан

ЦУК: Три активни пожари на територијата на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе