Вести Македонија Топ вести

Организацијата на потрошувачи на став: „гарантирана цена“ требаше да важи до есен – граѓаните веќе бележат скок на цените

Организацијата на потрошувачи е на став дека мерката „гарантирана цена“ требало да важи до есен или барем до крајот на оваа година. Со падот на оваа мерка, до нив веднаш стигнале повици од граѓани за регистриран раст на цените кај одредени производи. За листата со над 2.500 продукти кои се планира да бидат со маржи до 10 отсто, сè уште не се исконтактирани од Министерството за економија и истата ја немаат добиено, но се надеваат дека истата ја работеле со стручни лица.

Денеска, во дел од маркетите, граѓаните забележале дека има скок на цените и тоа кај некои видови јогурт, кашкавал, сирење, паштети, шеќер, но и месо. Кај млечните производи поскапувањето е до 20 отсто. Но, статистика денеска измери инфлација од скромни 3 проценти.

Од друга страна, откако падна „гарантирана цена“, пазарниот инспекторат нема можност да делува. Ако има драстичен скок на цените, Комисијата за заштита на конкуренцијата да постапи и требаат цврсти докази, но постапките се долги, а Законот за нефер трговски практики кој треба да стави ред е низ собраниските лавиринти.

Затоа дел од синдикатите апелираат до трговците да бидат совесни, падот на инфлацијата го врзуваат со светските берзи, но и со мерките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе