Вести Македонија Топ вести

Изјавите што ги дава се карактеристични за лузер – Јакимовски за Мицкоски и отворената војна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Не знам зошто имаше потреба да дава такви изјави, со навреди кон мене и госпоѓата Ванковска. Очигледно брзал да ги собере потписите за да дава такви небулозни изјави, гласеше одговорот на Стевчо Јакимовски, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, за отворената војна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, особено по собирањето на граѓанските потписи на претседателските кандидати.

„Изјави карактеристични за лузер, за губитник, кој што си бара алиби доколку ги изгуби изборите. Еве јас имам отворено прашање. Во 2019 година, кој и сметаше на госпоѓата Силјановска да победи на претседателските избори кои што се случија веднаш по промената на уставното име и потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија? – Подобро време за победа на опозицијата здравје. Тогаш дури имаше поддршка од мене и мојата партија“, изјави Јакимовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе