Вести Македонија Топ вести

Граѓанска димензија или политичка заднина – пет државни универзитети контра техничкиот премиер за протестите за Колективниот договор

Протестите на Синдикатот на УКЛО имаат исклучиво граѓанска димензија, а не предизборна како што обвинува техничкиот премиер Талат Џафери, реагираат преку соопштение од синдикалната организација на битолскиот Универзитет. Демантираат дека доцнеле со постапката за потпишување на Колективниот договор за што приложија и документи дека Синдикатот е формиран во 2022 година, а барањето го доставиле во мај лани.

„Синдикатот на вработните на УКЛО се дистанцира од било какви политички влијанија, посебно во предизборен период во кој што се одвива оваа синдикална борба, не по вина и избор на синдикатот, туку според последователниот временски развој на процесот за потпишување на Колективниот договор“, пишува во демантот Саша Дукоски, претседател на Синдикатот на УКЛО Битола.

Претходно Џафери на прес-конференција обвини дека пет државни универзитети задоцниле со формирање на синдикатите и доцна ја доставиле документацијата за Колективните договори, кои не можат да се потпишат по распишување на изборите. Смета дека протестите имаат политичка заднина, и рече дека по примерот на Колективниот договор на УКИМ, лесно може да се дојде до решение, но по изборите.

„Решението е да продолжи постапката по изборите. Искуствено оние слабости што ги имаше барањето на УКИМ веќе се надминати, полесно и побрзо ќе се заврши процедурата. Тоа  е решението, нема друго“, рече техничкиот премиер Талат Џафери. 

УКИМ и Собранието потпишаа Колективен договор во 2022 кој почна да се применува од 1 јануари годинава. Вработените во петте државни универзитети во Битола, во Охрид, во Тетово, во Штип и „Мајка Тереза“ во Скопје, завчера протестираа, затоа што велат се дискриминирани имаат иста дејност, статус и одговорност со нивните колеги од УКИМ, чии плати ќе бидат поголеми за над 20 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе