Вести Македонија Топ вести

Арсовски во „Топ тема“: Шоуто за собирање на потписи на претседателските кандидати помалку личи на Евровизија

Шоуто за собирање на граѓански потписи за кандидатурите на партиските адути за претседател на државата помалку личи на Евровизија, вели политичкиот аналитичар, Петар Арсовски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Од Крива Паланка толку гласови за овој кандидат, од Кичево толку гласа за овој кандидат. Уште да се јави некој со микрофон. Партиите почнаа да го користат собирањето на потписи како во пред кампања во обид, со пи-ар тактика, да докажат дека брзината на собирање на потписи е индикација за нивото на поддршка што ја имаат нивните кандидати“, смета Арсовски.

Во основа, додава тој, тоа не е точна аналогија, иако можеби е индиција како партиите се организациски добро поставени.

„Никој нема дилема дека поголемите партии без проблем собираат 10.000 потписи. Досега нбе паметам дека сме правеле шоу околу ова. Меѓутоа сега, ова е индиција дека кампањата ќе биде и тоа како жестока и дека кадидатите можеби ќе излегуваат и од фрижидер кога ќе отворите“, коментира Аровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубикон си наплаќал по тендери и со одземена лиценца

Дејан Дејан

Два онколошки лека префрлени од болничка во примарна позитивна листа

Дејан Дејан

Дигитален упис во средно догодина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе