Покрај 12-те пациенти кои веќе се на терапија со Трикафта, овие денови со терапија се вклучуваат и нови пациенти. Во петокот, две нови пациентки примија Трикафта, денеска се вклучуваат уште двајца, а во петок се очекува лекот да го примат уште двајца пациенти, соопшти министерството за здравство.
Оваа група на пациенти етапно се вклучува на терапија, согласно протоколот и прецизни критериуми на евалуација се одлучува за добивањето терапија, велат од министерството. Додаваат дека листата на пациенти е направена од стручна комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање.
Во Македонија има вкупно 140 заболени со цистична фиброза. Од нив уште 55 чекаат да добијат трикафта. Останатите се или помали од 12 години, за кои оваа терапија не се препорачува, а за останатите е несоодветна.