Вести Македонија

Минимум 100 вработени со плата од најмалку 1.000 како услов за државна поддршка – австралиската компанија ЕМАПТА во ТИРЗ Скопје,

„Емапта“, австралиска компанија за надворешни услуги во огромен број сектори која од минатата година почна да оперира од Македонија и да вработува млад кадар, ќе добие канцеларии во ТИРЗ зоната во Скопје, соопштија директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и премиерот Димитар Ковачевски.

За да добие државна поддршка, компанијата мора да има минимум 100 вработени кои ќе земаат најмалку 1.000 евра плата. Поддршката ќе изнесува 3.250 евра по вработен. Планот на компанијата е да вработи 2.000 лица во наредните неколку години за кои платите ќе бидат барем 50 отсто повисоки од просечната во Македонија.

Компанијата „Емапта“ има над 7.500 вработи и опслужува речиси 700 клиенти, меѓу кои и водечки глобални брендови на четири континенти а минатата година ја завршила со профит од 2,8 милијарди долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе