Каде да го пијат кафето, на јавна или тајна средба е дилемата на премиерот и опозицискиот лидер која продолжува и во новата година. Откако Мицкоски најави дека нема воопшто да седне на маса со Ковачевски, ако тоа се прави тајно, премиерот денеска изјави дека ни тој немал таква намера.
На средбата треба да се договараат деталите за техничката влада, за што Ковачевски тврди дека потпретседателите на двете партии веќе се во редовна комуникација. Но, Мицкоски негира дека има такви средби. Најави дека по празниците ќе се знаат нивните предлози за техничката влада, за која смета дека не треба да постои затоа што сите такви влади до сега се покажале слаби, со конфликти и бројни кочења.
И сега не очекува ништо поразлично, особено по предлогот на СДСМ, министерот за внатрешни работи Спасовски да биде заменет на заменичкото место со неговата десна рака, неговиот шеф на кабинет. За министерското место за внатрешни работи, од ВМРО ДПМНЕ повторно го планираат Наќе Чулев.
Далиборка Демјанска Цветановска