Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до крајот на месецов ја започнува постапката за префрлање во новиот објект кој беше целосно реновиран и прилагоден за потребите на обвинителството.
Објектот е опремен преку Инструментот за претпристапна помош н ЕУ (ИПА), а дел од опремата и мебелот се преземени и од поранешното Специјално јавно обвинителство.
Во новите простории на ОЈОГОКК ќе биде сместена и современа форензичка лабораторија опремена со поддршка на Амбасадата на САД.
Во објектот на приземје и два ката, покрај работните простории за јавните обвинители и стручната служба, има посебен дел каде што ќе биде сместен Истражниот центар на ОЈОГОКК, сала за сослушување на деца-жртви и заштитени сведоци, како и конференциска сала.