„ Смрт за Шиптари, „ Смрт за каури“, „ Голема Албанија“, „ Чиста Македонија“, се најчесто употребуваните фрази од меѓусебниот говор на омраза меѓу двете етнички заедници во земјава. Говорот на омраза годинава е во пораст, а според бројот на регистрирани случаи на прво место се примерите врз основа на етничка припадност, а на второ место е говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
- Оваа година говорот на омраза е во пораст.Од јануари до крајот на ноември оваа година, регистрирани се вкупно 1076 случаи на говор на омраза, од кои 585 се врз основа на етничка припадност, а 280 се врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, изјави Славица Анастасовска- Хелсиншки комитет за човекови права
Хелсиншки годинава поднел 5 кривични пријави до Обвинителството, од кои 2 се за говор на омраза поради етничка припадност, а 3 за сексуална ориентација. За четири од пријавите немаат одговор , а една пријава против лидер на партија била отфрлена за што од Хелсиншки најавија жалба до Европскиот суд за човекови права.Поднеле и 3 претставки до Комисијата за антидискриминација . Една за вознемирување врз основа на сексуална ориентација од политичка партија, друга за коментари на ФБ за Парадата на гордоста и трета за вознемирување врз основа на пол и род. А, заклучно со ноември , Комисијата постапувала по 497 претставки , од кои половината се за вознемирувачки говор во медиумите. И од таму велат дека се доминантни претставките за говор на омраза врз база на сексуална ориентација и етничка припадност, а добиваат многу и за вознемирувачки говор, врз основа на лични својства.
- Можеме да процениме дека не секогаш личното својство е основата, туку зад тоа се крие одреден дел , како што е политичкото уверување , етничката припадност и слично, изјави Игор Јадровски – Комисија за спречување и заштита од дискриминација
Јадровски смета дека интернет порталите треба да ги бришат коментарите со говор на омраза под нивните содржини на социјалните мрежи, зашто сносат одговорност, согласно Законот за антидискриминација. Годинава ОЈО повело предистражна постапка за случај за говор на омраза од Шведска, направен во земјава преку интернет, кажа обвинителот Александар Марковски. Политичарите да се воздржат од очекуваат говор на омраза во предизборниот период, апелираа од Хелсиншкиот комитет .
Сотир Трајков