Вести Свет

САД најави дека ќе гласа против резолуцијата за прекин на огнот меѓу Израел и Газа

Палестинците бараат од Советот за безбедност на Обединетите нации да ја усвои резолуција за прекин на огнот во Газа, предложена од Обединетите Арапски Емирати. Гласањето, кое се очекува во наредните неколку часа, доаѓа откако генералниот секретар Антонио Гутереш се повика на членот 99 од Повелбата на ОН за прв пат од 1971 година. Гутереш рече дека постои висок ризик од целосен колапс на системот за хуманитарна поддршка во Газа.

Оваа војна е дел од нападот да се стави крај на палестинскиот народ како нација и да се уништи прашањето за Палестина. Ако не ја делите оваа цел, мора да застанете против војната, порача палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур.

Израелскиот амбасадор Гилан Ердон го прекори Советот што воопшто го разгледа гласањето. Според него иронијата е во тоа што регионалната стабилност и безбедноста и на Израелците и на жителите на Газа може да се постигнат само откако Хамас ќе биде елиминиран. Соединетите Американски Држави порачаа дека ќе гласаат против нацрт-резолуцијата во 15 членото тело.

Иако Соединетите Држави силно поддржуваат траен мир во кој и Израелците и Палестинците ќе можат да живеат во мир и безбедност, ние не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот. Ова само ќе го засади семето за следната војна бидејќи Хамас нема желба да видиме траен мир, да видиме решение со две држави, истакна заменик амбасадорот на САД во ОН, Роберт Вуд.

Опишувајќи ја катастрофалната ситуација во појасот Газа два месеци по почетокот на израелското бомбардирање на палестинската енклава, здравствената агенција на ОН соопшти дека „цивилизацијата е пред распаѓање“, а Интензивното израелско бомбардирање на Газа продолжува да ги попречува итно потребните операции за помош.

„Децата и луѓето всушност молат и плачат за вода. Ние сме на ниво каде што веќе најнормалните и основните достави на залихи повеќе не се возможни, истакна Кристијан Линдмајер, портпарол на СЗО.

Во моментов, само 14 од 36 болници во Појасот Газа се функционални и можат да примаат нови пациенти, но услугите се ограничени. Само од нив се на северот од земјата. Двете големи болници во јужниот дел на Газа работат три пати над нивниот капацитет, соочени со критичен недостиг на основни залихи на медикаменти и гориво.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе