Вести Македонија Топ вести

Тетовскиот муфтија обвинува дека незаконски е разрешен – најави тужби

Тетовскиот муфтија Ќани Несими обвини дека раководството на Исламската верска заедница (ИВЗ) незаконски го разрешиле од функцијата.

Според образложението на Несими, тоа се случило на седница на ИВЗ на 8 ноември, а на негово место е поставен вршител на должноста.

-На седницата се прекршени повеќе точки од уставот на ИВЗ. Одлуката за именување на ВД Муфтија е спротивна на член 30 став 1 од уставот на ИВЗ кој вели: Неиздавање и повлекување на Мураселе го обврзува муфтиството во рок од 30 дена да предложи можни кандидати за муфтија. Истата незаконска одлука воедно е спротивна и на член 29 став 1 од Уставот на ИВЗ која гласи: Во Муфтиствата каде нема кадар според предвидените услови, се именува координатор, рече Несими.

Вели дека писмено реагирале до раководството на ИВЗ оспорувајќи ја одлуката да се постави в.д муфтија.

-На ден 08.11.2023 год. писмено реагираше Муфтиството Тетово пренесувајќи едногласен донесен заклучок упатена до Ријасетот и Реисул Улема дека неповикувањето на Муфтијата на ИВЗ – Тетово е директен атак врз самиот основен уставен орган на ИВЗ, и спротивно на член 34 став 1 точка 2 каде е дефинирано членството на Ријасетот, меѓу другите член на Ријасетот со право на глас и на одлучување е и Муфтијата проф. Др. Ќани еф. Несими единствен легитимен претставник на Муфтиството Тетово, истакна Ќани Несими на прес-конференцијата.

Несими најави дека ќе поднесе пријави до надлежните институции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе