Вести Македонија Топ вести

Обид за грабнување на девојче од деветто и момче од шесто одделение, кое ги зело и понудените пари

На триестина метри од влезот на училиштето „Страшо Пинџур“ во Карбинци се случил обид за грабнување на девојче од деветто и момче од шесто одделение, оваа вест попладнево ја вознемири јавноста.

Според исказите на учениците, вработените во училиштето и на градоначалникот, Виктор Паунов маж со возило марка голф со скопски регистерски таблички меѓу третиот и четвртиот час, во 9.30 часот ја повикал деветооделенката на кафе и да влезе во возилото, девојчето побегнало, но непознатиот маж продолжил со комуникацијата со шестоодделенецот, на кој му понудил и пари да влезе во возилото, вели градоначалникот Паунов.

Министерството за внатрешни работи ги демантираше шпекулациите за наводен спречин обид за грабнување на малолетно лице во училишниот двор во Карбинци, но потврдуваат дека настан е пријавен во СВР-Штип.

Во соопштението се споменува само ученичка која од возочот на голфот била поканета да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката.

Шестооделенецот воопшто не се споменува во соопштението.

Градоначалникот, Паунов бара да се открие непознатиот маж и  зголемена безбедност пред училиштата.

Во оваа училиште учат околу 300 деца.

Викторија Јованова Димитровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе