Вести Македонија Топ вести

Потфрливме и како институции и како индивидуи и немаме протоколи што да правиме кога ќе исчезне некое дете – психолозите реагираат по последните случувања

Тим од стручни лица ќе им помага на учениците од „Песталоци“ да ја пребродат загубата и овој процес ќе трае во следниот период. Ова го наведува Министерството за образование во кусо соопштение. Од МОН изразија благодарност до кадарот на училиштето за совесното постапување и алармирање на семејството на 14-годишната Вања дека отсуствува од настава. Тоа што недостасува во ставот на министерството, е како ќе се делува и во другите училишта, за случајот кој е трауматичен за целата држава.

  • Министерство за образование и наука: „Министерството е во постојана комуникација со училиштето и предложивме поддршка во делот на ангажирање дополнителен кадар составен од педагози и психолози, кои ќе им бидат на располагање на учениците во периодот што следи.“

Како индивидуалци и како институции потфрливме со тоа што секогаш реагираме со задоцнување и никогаш не превенираме. Психологот Тијана Ивановска критикува – Национална стратегија кај нас постои, а никој ниту чул, ниту видел како таа се спроведува.

  • „Што да правиме кога ќе исчезне некое дете?! Нас нѝ треба стратегија за менталното здравје. Ние имаме Национална стратегија за ментално здравје којашто е започнато да се формира во 2018 година. И што сте слушнале вие за таа стратегија?! Ако ние во Македонија сме свесни дека немаме протоколи и дека едноставно немаме стандардни оперативни процедури како да постапуваме – тогаш ајде да ги направиме. Ајде да истражуваме и да видиме што им недостасува на децата,“ вели Тијана Ивановска – психолог.

Битката против насилството трае и е далеку од добиена. Вака коментира сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска. Убиството на Вања е трагедија која треба да е најсилно предупредување за целата држава.

  • „Трагичното случување со убиството на Вања мора да биде алерт дека треба системски, интензивно да работиме на темелните образовни, економски и социјални политики кои ќе ја подигнат свеста за борбата против насилството на сите рамништа. Битката е далеку од добиена,“ рече Елизабета Ѓоргиевска – Сопруга на претседателот Пендаровски.

За две недели, во Скопје ќе се промовира системот за рано предупредување за исчезнати лица. Подготвуван е три години и е по примерот на американскиот „Амбер Алерт“ и српскиот „Најди ме“. Таму ќе бидат вмрежени повеќе институции и други субјекти кои ќе имаат обврска да ја споделат информацијата за изгубена или киднапирана личност.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе