Вести Македонија Топ вести

Мантон во „Топ тема“: ОБСЕ мора да опстои, дијалог е неопходен, организацијата предолго време кубури

Она што го видовме денеска е еден исчекор во барањето на возможни решенија и остварувањето на она што треба платформата на ОБСЕ да го понуди, а тоа е дијалог, изјави Ида Мантон, советничка за меѓународни преговори и менаџирање на конфликти, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тоа веќе долго време недостасува во организацијата и многу работи беа закочени. Ние, како држава, ги слушаме и гледаме тие работи и нашата јавност, македонскиот граѓанин, сега се запознава со сите проблеми со кои што ОБСЕ, како организација, предолго време кубури. Буџетот од 2021 година е проблем. За мисиите како таа во Скопје и централноазиските тоа е огромен проблем во однос на функционирање. Значи не може да се планира стратешки, долгорочно, како ќе се исполнат обврските од тие мандати“, истакна Мантон.

Според неа, многу проблеми се наталожени од анализите

„Ние наместо да одиме напред и да успееме да ги имплементираме заложбите кои што неверојатно мудри дипломати од Хелсинки, па наваму, ги преговараат и договараат, ние, за жал, успеваме заради локални политички агенди, заради неисполнети империјалистички соништа да се враќаме назад во времето. Јас имам чувство дека сега, наместо да имаме колективна човечка мудрост да можеме да седнеме и да се договориме, како што и Хелсиншкиот завршен акт во својот декалог вели, ние сè уште бегаме по аеродроми, не се среќаваме. Тешко е, не е едноставно кога има војна и кога човечки животи се во прашање, лидерите да најдат начин, храброст, желба да разговараат. Бидејќи додека пушките говорат, многу е тешко да се најдат зборови. Меѓутоа, тоа е неопходно и важно и затоа сметам дека ОБСЕ како организација мора да опстои за да може, евентуално кога ќе биде спремни, тој дојалог да биде возможен“, е заклучкот на Мантон од истражувањата што 20-тина и повеќе години ги прави во врска со ОБСЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе