Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците и војната која започна, за страдањата на луѓето во Газа, а тоа е Хамас – ИСИС. Прекинот на огнот ќе продолжи се додека тие ги ослободуваат заложниците, но по примирјето ќе ја продолжиме војната, изјави министерот за навдорешни работи на Израел Ели Коен пред учеството на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ што се одржува во Скопје.
– 7 октомври беше трагичен ден за Државата Израел. Ние всушност видовме дека истата земја која се бори и ја поддржува борбатаа против Украина го прави истото против Израел. Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците и војната која започна, за страдањата на луѓето во Газа, а тоа е Хамас – ИСИС. Ќе продолжиме да се бориме додека не ги вратите сите заложницо и додека не го елиминираме Хамас. Светот треба да биде обединет да ја ослободиme Газа од Хамас – ИСИС со цел да осигураме дека такви злосторства нема да се повторат никаде во светот, изјави Коен.
Прашан колку блиску се до постигнување мир, Коен посочи дека се одлучни да продолжат во борбата против, како што рече, оваа терористичка организација.
-Се додека тие ги ослободуваат заложниците, ќе продолжиме со прекинот на огнот. Но, по примирјето ќе ја продолжиме војната, подвлекува Коен.