Вести Македонија Топ вести

Граѓанскиот сектор од земјите на ОБСЕ обединети во Платформа за солидарност

Граѓанскиот сектор од земјите на ОБСЕ обединети во Платформа за солидарност во рамки на министерскиот останок на ОБСЕ вечерва објавија Декларација со која се констатира дека ОБСЕ се наоѓа во криза поради злоупотреби од одредени земји, за кои би било нормално да бидат исклучени и да се најде начин Организацијата да продолжи непречено да функционира.

Тие констатираат дека ОБСЕ има капацитет да се занимава со конфликти, но сметаат дека додадена вредност на тоа би била поголемата соработка со граѓанскиот сектор.

Во Декларацијата фокус се става на хуманитарните злосторства и агресијата, со барање да се надмине неказнивоста и да се испорачува правда преку два меѓународни Трибунали за тоа.

Граѓанскиот сектор воспоставување на меѓународен механизам за одговорност за прекршувањата и злосторствата пред во Белосрусија и Русија. Тие бараат претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко да биде изведен пред лицето на правдата за репресијата која ја врши во своојата земја, а рускиот претседател Владимир Путин и неговите соработници да бидат изведени пред меѓународен Трибунал.

Поддршка и поголема соработка со граѓанскиот сектор во име на ОБСЕ даде тројката на актуелниот идниот и претходниот претседава со Организациијата, како и генералната секретарка на ОБСе. Тие го дадо и својот став за руската агресија вр Украина, но и случувара во Белорусија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе