Македонија

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои постојано се грижат за здравјето на животните, демантираат од таму во врска со вчерашната изјава на ЗОО- активистот Стефан Кирков, во која тој изрази сомнеж дека причина за угинувањето на третата и последна жирафа Флопи, е отсуството на адекватен кадар за грижа зашто ветеринарната служба функционирала како надворешен соработник. Од ЗОО – Скопје не ги коментираат гласините дека животното боледувало од лесна пневмонија и велат дека треба да се почекаат резултатите од обдукцијата.

Зоолошката градина во Скопје, каде завчера угина жирафата Флопи, има ангажирано двајца ветeринари со полно работно време, кои постојано се грижат за здравјето на животните. Вака гласи демантот од ЗОО – Скопје во врска со вчерашната изјава на ЗОО- активистот Стефан Кирков, во која тој изрази сомнеж дека зоолошката градина нема адекватен кадар за грижа за животните зашто ветеринарната служба била ангижирана како надворешен соработник.

  • Во Зоолошката градина- Скопје работат двајца дипломирани ветеринари. Едниот е вработен долги години на неопределено време, а другиот со договор на дело, но двајцата со полно работно време. А, ЗОО-Скопје постојано соработува со Ветеринарен центар и Институтот за ветерина, велат од Зоолошката градина.

Од Зоолошката градина не ја коментираат неофицијалната информација  која Кирков ја сподели , дека Флопи боледувала од лесна пневмонија. Велат, за причините за угинувањето на жирафата треба да се почекаат официјалните резултати од обдукцијата што ја правеше Ветеринарниот факултет .

  • Обдукцијата беше извршена според протокол веднаш и се земени мостри, а за резултатите треба да се почека неколку денови, велат од ЗОО-Скопје.

За угинувањето на жирафата реагираа и од „ Анима Мунди“, од каде прашаа кој ја мониторира здравствената состојба и безбедноста на животните и побараа анализа за случајот и казни за одговорните. Од ЗОО- Скопје со одговор дека стручно, секојдневно се грижат за животните.

И од Ветеринарниот факултет, за Телма потврдија дека за конечните резултати од обдукцијата на жирафата Флопи треба да се направат дополнителни анализи пред да излезат со информации во јавноста.

Флопи беше трета и последна жирафа која угина во Зоолошката градина. Пред неа од инфекција со салмонела угина жирафата Каспер, а пред тоа и Тобого. Откако за градоначалник дојде Данела Арсовска се сменија тројца директори на установата. За време на Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со објаснување дека биле болни. Потоа дојде Драган Илиевски, а по него актуелниот директор Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека се намерно отруени.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе