Вести Македонија Топ вести

Вработена во болницата во Тетово снимала пациентка хоспитализирана на одделенијата – ја објавила на социјални мрежи

Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа, околу 20.10 часот ја лишиле од слобода 46-годишната А. А. од тетовска Брвеница.

Таа претходно била пријавена од 47-годишниот И. Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде што била вработена, неовластено ја снимила неговата сопруга, која била хоспитализирана на едно од одделенијата.

Снименото потоа го објавила на социјалните мрежи.

Задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе