Вести Македонија

Опозицијата бара да се укине техничката влада, премиерот бара консензус

Техничката влада не е одговор на потребите на граѓаните, не придонесува за подобра иднина на државата и треба да се укине, смета опозицискиот лидер. Побара да се интервенира во Закон за влада и во Изборниот законик и техничката влада да стане дел од минатото на државата.

Премиерот изјави дека единствен начин да се укине техничката влада е со консензус како што и била изгласана и ставена во закон. Во моментов таков консензус нема.

Ако двојните избори се одржат на 8 мај, техничка влада треба да се формира веќе на крајот на јануари, со технички премиер од ДУИ, како што е коалицискиот договор меѓу владините партнери.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе