Вести Македонија

Расчистен отпадот пред Интерните клиники во комплексот „Мајка Тереза“

Отпадот од пред влезот на Интерните клиники во скопскиот клинички центар „Мајка Терза“ рано утрово беше расчистен по вчерашната објава на ТВ Телма за хаосот веднаш спроти хелиодромот.

Од фотографиите кои беа доставени до ТВ Телма, можеше да се види дека медицинска опрема беше расфрлана заштитна медицинска опрема која се користеше за време на пандемијата, како маски, ракавици, калјачи и мантили. На една од кутиите стои знак „rescEU“ што упатува дека станува збор за непотрошени количини на заштитна медицинска опрема добиена како донација од ЕУ за време на пандемијата.

На кутијата има, исто така, налепница со симболот, логото н ДЗС, Дирекцијата за заштита и спасување. За време на пандемијата трошеше големи суми на пари за набавка на еднократна медицинска опрема, но, исто така, добиваше и донации кои според сликите сега се расфрлаат низ Клинички центар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе