Вести Македонија

Ковачевски: Северна Македонија продолжува да биде регионален фактор на стабилност и ценет партнер на НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, пред официјалниот почеток на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, во изјава за медиумите, посочи дека одржувањето на овој состанок токму во Скопје, е уште една потврда дека Северна Македонија е ценет партнер во НАТО и фактор на стабилност во регионот.

„Сакам да посакам добредојде уште еднаш на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг. Драго ми е што Северна Македонија денес е домаќин на неформалниот состанок на лидери на земјите членки на НАТО од регионот, на којшто уште еднаш се потврдува нашата улога како фактор на безбедност во регионот, меѓутоа и како земја членка на НАТО којашто е една од членките која целосно и посветено се насочени кон исполнување на своите обврски како дел од НАТО Алијансата”, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски изјави дека на денешниот неформален состанок со лидерите на НАТО сојузници од регионот, ќе разговараат за актуелни прашања за нашиот регион и нашата посветеност, како Алијанса, кон неговата стабилност и безбедност, како и за други важни прашања од интерес на Алијансата.

„На денешниот состанок ќе разговараме за регионалните безбедносни прашања, но секако дека ќе разговараме и за клучните теми во однос на војната во Украина, конфликтот кој се води во појасот Газа како и за сите други прашања кои се однесуваат на градење на долгорочен мир, безбедност и стабилност во нашиот регион, меѓутоа и во Европа и во Светот. Благодарност уште еднаш до генералниот секретар”, додаде Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе