Вести Македонија

ЕУ го поздрави договорот за ослободување на заложниците киднапиран од Хамас

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска информираше дека е реализирана обука на украински војници во Македонија, со што, како што рече, се потврдува нашата заложба за континуирана поддршка кон правото на Украина да се одбрани од руската агресија.

“Се понудивме и веќе ја реализиравме првата обука, првиот тренинг на украински војници кои успешно ја завршија обуката во земјава во објекти, во локации кои се сопственост на Армијата на за што беше донесена соодветна одлука на Влада, а која од безбедносни причини ја соопштуваме откако таа заврши“– истакна министерката Петровска во синоќешното гостување на националниот сервис.

Додаде и дека ваквиот вид на поддршка и преку тренинзи и преку обуки кои се димензионирани согласно побарувањата на украинската страна ќе продолжи и во текот на 2024 година и сè додека за тоа има потреба.

Од министерството информираат дека земјава досега во десет наврати донираше воена и хуманитарна опрема за одбрана на Украина од руската агресија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе