Членството во НАТО е есенцијалната и суштинска меѓа кон членството во ЕУ, порача Столтенберг од Собранието. Мирот и стабилноста, за него се предуслов и за економскиот напредок, но и за развојот на демократијата. Порача дека, сите политички партии имаат одговорност да работат заедно и да ја движат државата напред и ги охрабри политичарите да го комплетираат патот кон членство во ЕУ.
Столтенберг потсети дека членството во НАТО е добро за Македонија, но и за самата Алијанса, особено со придонесот на вооружените сили кон мирот и безбедноста. Сподели впечатоци и од неговиот поранешен престој овде.
Говорот пред пратениците, генералниот секретар на НАТО го заврши со констатацијата дека нема дилема дека по Алијансата следи и членство во ЕУ. Пред обраќањето, тој се сретна со претседателот на Собранието, со кого имаа кратка билатерална средба.
Далиборка Демјанска Цветановска