Вести Свет Топ вести

БиХ по 28 години од Дејтонскиот договор – војната заврши, но и натаму траат истите конфликти

На денешен ден, пред 28 години, во американската база Рајт Персон во Дејтон беше потпишан Општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина и неговите 12 анекси за крај на војната и воспоставување на уставно-правен поредок во земјата.

Со договорот е создадена државна заедница БиХ, составена од два ентитета – Федерација БиХ и Република Српска.

Дејтонскиот договор, по тринеделни преговори, го парафираа тогашните претседатели на Србија – Слободан Милошевиќ, на Хрватска – Фрањо Туѓман и на БиХ – Алија Изетбеговиќ, во присуство на тогашноиот државен секретар на САД – Кристофер Ворен, а во улога на посредници беа Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк.

Дејтонскиот договор беше официјално потпишан на 14 декември во 1995 година во Елисејската палата во Париз. Тој ден во Република Српска се одбележува како државен празник и неработен ден, што не е случај во вториот ентитет – Федерација БиХ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе