Вести Македонија Топ вести

Вработените во ФЗО со предупредувачки протест поради ниските плати

Административните службеници во Фондот за здравство се пред штрајк поради ниските, соопштија денеска од УПОЗ. Тие ќе излезат на предупредувачки протест во петок заедно со вработените од уште неколку државни институции кои исто така бараат повисоки плати. Од УПОЗ пак предупредуваат дека Владата подготвува план со кој би се поништиле постигнатите договори и не би се исплатило предвиденото покачување на платите согласно најавеното зголемување на минималната плата

Од УПОЗ се децидни дека во Фондот за здравствено осигурување службениците имаат најниски плати од сите органи на државната управа и дури и со две плати не ја достигнуваат минималната синдикална кошничка која изнесува 48 илјади денари.

Повисоките плати не се единственото барање на синдикатот.

Ниските плати се причината поради која во моментов во Фондот недостасуваат околу 300 вработени, речиси и да нема интерес на огласите за вработување а вработените пак имаат по неколку работни обврски во денот.

Доколку барањата не се исполнат, штрајкот ќе ја парализира државата.

Од УПОЗ ја предупредуваат дека Владата се обидува да ги изигра и да нема линеарно зголемување на платите доколку се покачи минималната плата.

Од синдикатот најавија дека, поради ниските плати,  во петок на протест пред Собранието ќе излезат вработените во судската и обвинителската администрација, од Фондот за здравство и од народниот и државниот правобранител.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе