Вести Македонија Топ вести

Приближување на договор за заеднички избори- најава од претседателот Пендаровски

Претседателот Пендаровски смета дека  наредниве денови партиите ќе постигнат договор да се оди на заеднички избори, односно претседателските и парламентарните да се одржат заедно. Овој негов став тој го темели на приближувањето на разликите меѓу власта и опозицијата за датумот за одржување на изборите.

Она што јас го слушам и што го знам , мислам дека пополека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно наредниве денови ќе имаме и официјална објава дека ќе постигнат договор за одржување на парламентарните и претседателските избори во ист временски период, изјави претседателот.

А, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Николоски не верува во овој став на Пендаровски.

Во однос на датумот за избори тоа е нешто што останува да лебди и се надевам дека од понеделник конечно ќе можат политичките партии посериозно да поразговараат на оваа тема, со цел да утврдиме датум или датуми за избори. До сега не се случило во Македонија самостојно претседателот на Собранието , без консултација со политичките партии да закаже датум за избори, изјави николовски.

За покредибилни избори, Николоски очекува да се имплементираат препораките од ОБСЕ и ОДХР за измените на Изборниот законик.

Во ДУИ велат дека сѐ уште размислуваат дали изборите ќе бидат заедно или одвоени, но како што кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи оставаат останатите партии да решат зашто ДУИ е комотна поради тоа што ќе ја подржи било која од двете опции.

Изборите треба да ги распише спикерот Талат Џафери. Повеќе пати потсетува дека редовни двојни избори може да има само во периодот од 5 до 8 мај. Претседателски може и на 14 март, а парламентарни и на 15 јули. Тој најави дека ако нема договор до Нова Година,  ќе одлучи и ќе ги спроведе своите надлежности.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе