Проблемите во албанскиот блок на политичката сцена е подлабок и корените треба да ги бараме малку подалеку, во начинот како се формираа албанските политички партии. Во истовреме, во македонскиот политички блок имаме стабилизација на две големи партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои се појавуваат одвреме-навреме, но никогаш не се доближуваат. Кај Албанците е спротивното, имате постојано појавување на политички партии, со голем ефект, достигнуваат некој зенит, па потоа згаснуваат, истакна Африм Гаши, претседател на Алтернатива, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Тој циклус трае од 10 до 20 години и, за жал, сега трае уште помалку. Зборуваме за еден политички контекст во кој се формираат албанските политички партии кој во суштина покажува дека не произведува стабилност. Ако треба нешто да направиме најмногу како политички партии кај Албанците воопшто во државата, треба да се грижиме во каков контекст се формираат, зошто се формираат, која е нивната цел. За среќа, кај Македонците партиите имаат и идеолошка и теоретска основа, сите партии кај Албанците се контекстни. На пример, ПДП се појави поради плурализмот во Југославија, ДПА се појави како раскол на ПДП, ДУИ се појави бидејќи немаа што да прават со воените униформи, па требаше да се облечат во политички. Другите формации, исто така, беа такви и настанаа по расколи“, изјави Гаши.