Вести Македонија Топ вести

Кој се обидува да ги одврати и заплаши заинтересираните купувачи на конфискуваните станови на Мијалков?

Кој се обидува да ги одврати и заплаши заинтересираните купувачи на конфискуваните станови на Мијалков? – Директорот на агенцијата за одземен имот очекува истражните органи да разоткријат. Од обвинителството велат дека се во тек, но формална пријава до сега не добиле.

„Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот за она што го изнесе на прес конференцијата го информирал и јавниот обвинител кој го водел предметот во кој е извршена конфискацијата, без да наведе повеќе детали. Доколку биде доставена пријава, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности“, информираат од Јавното обвинителство. 

Понеделникот на 13 ноевмри беше резервиран како ден во кој заинтересираните граѓани можат да ги разгледаат становите на улица „Славејко Арсов“ на Водно, заедно со вработен од Агенцијата пред да се решат дали ќе се пријават на аукцијата и колку буџет ќе одвојат за да се наддаваат.

Потенцијални купувачи се соочиле со непријатна ситуација од лица, кои на вчерашната прес-конференција директорот Дритон Небиу ги идентификуваше како сопственици.

Во моментов на аукција се ставени четири недвижнини кои беа во сопственост на Мијалков во вредност од 330.000 евра. Три стана и еден гаражен простор кои му беа одземени со правосилна пресуда за случајот за перење пари „Империја“. Претходно, агенцијата продаде вкупно три одземени недвижности на Мијалков. Два стана во Охрид и едно земјиште со кои буџетот беа инкасирани 244.000 евра. Небиу во изјава за Телма минатата недела најави дека имаат уште многу имот конфискуван од Мијалков кој наредниот период ќе биде огласен за електронско наддавање.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе