Вести Свет Топ вести

Русинка обвинета за атентатот врз рускиот воен блогер Татарски

26-годишната Дарја Трепова е обвинета за терористички напад, нелегална трговија со експлозивни направи и фалсификување документи, за експлозијата на 2 април во локално кафуле во која загина Владлен Татарски, а 52 други лица беа повредени.

Таа беше уапсена набргу по бомбашкиот напад и се соочува со затворска казна до 30 години доколку биде осудена, според извештаите на руските вести.

Татарски беше жесток поддржувач на воената акција на Кремљ во Украина и поднесуваше редовни извештаи за борбите од првите редови.

Трепова беше видена на видео како му ја презентира статуетката на Татарски неколку моменти пред експлозијата додека тој водеше дискусија пред присутните.

На своето појавување пред судот, Трепова ја призна вината за фалсификување документи, но истакна дека е невина по обвиненијата за извршување терористички напад и нелегална трговија со експлозиви, инсистирајќи дека не знаела дека бистата содржи експлозивна направа.

Со неа на обвинителна клупа е и нејзин 27-годишен познаник, Дмитриј Касинцев, кој во моментов издржува домашен притвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кондратовиќ: ЕУ-проширување кон западен Балкан- моќна алатка против руските влијанија

Дејан Дејан

Арсовска до Рокас: Во секоја држава има мафија само во Македонија мафијата си има своја држава

Дејан Дејан

Тошковски: Две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе