Вести Македонија Топ вести

Османи не се откажува од декември како рок за носење на уставните измени

На еден месец пред одржување на Европскиот совет на кој Европската унија треба да донесе одлука дали Македонија и Албанија ги исполнуваат условите за отпочнување на втората фаза од пристапните преговорите, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, не ја губи надежта дека уставни измени дотогаш можат да се случат.

„Не можам да кажам во оваа фаза дека е испуштена шансата, мислам дека секој ден секоја минута, секоја секунда треба да се искористи за да го користиме овој неповторлив, ќе кажам, геополитички моментум“, вели Османи.

Сепак календарот за уставни измени пак кажува нешто друго. Доколку и денеска Собранието да го отвори Уставот, според процедурата, треба да помине еден месец пред тексот на предложените амандмани да се најде пред пратениците, за да продолжи собраниската процедура, по што би поминало уште два – три месеци до нивно усвојување.

Османи пак иако не се откажува од декември како термин за продолжување на преговорите, идната година не ја гледа како поволна за повторување на таквата можност.

„Геополитичкиот момент е неповторлив за сериозна брза патека за членство во ЕУ до 2030 година и не сум сигурен дека истиот геополитички моментум ќе биде сочуван и идната година“, вели Османи.

Освен за Македонија продолжување на пристапните преговори е неизвесе и за Албанија, која иако се сметаше дека во декември сигурно преминува во втората фаза, доби црвен картон од Грција поради апсењето на кандидатот за градоначалник од грчкото малцинство во албанскиот град Химара. Атина не го потпиша писмото во Европскиот совет до Тирана со покана да ги достави патоказите, кое писмо се носи со консензус од земјите-членки. Македонија пак го доби писмото од Советот со барање за доставување на патоказите од страна на земјава, но тоа нема да ја спаси од „не“ на Советот без промени во Уставот.

Европскиот совет на кој треба да се донесе одлуката дали и Македонија и Албанија ги исполниле условите и обврските за преминување во втората фаза од преговорите е закажан за 14 и 15 декември.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе