Вести Македонија Топ вести

Владата го прогласи 30 ноември за неработен ден за администрацијата и училиштата во Скопје поради министерскиот Совет на ОБСЕ

За сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на Град Скопје, 30 ноември (четврток) ќе биде неработен ден поради одржувањето на 30-от Министерски состанок на ОБСЕ. Работното време на 29 ноември 2023 (среда), пак, ќе заврши во 12 часот. Одлуката ја донесе Владата денеска на седница, на предлог на Министерството за надворешни работи.

„Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање“, информира владината прес-служба наведувајќи дека на скопските општини и на Град Скопје им се препорачува да ги спроведат заклучоците.

Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на Скопје, особено во Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар палас“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе