Вести Свет Топ вести

Четворица затруени во Хрватска- се правата анализи по конмзумирањето загадени газирани пијалоци

Поради труење по наводно конзумирање на загадени газирани пијалоци во Хрватска, се прават анализи, а во истрагата се вклучија и полицијата и Државниот инспекторат.

Министерот за здравство на Хрватска Вили Берош за Н1 потврди дека и денеска има неколку нови случаи, но дека ситуацијата е под контрола.

„Има уште неколку, сите се полесно повредени, кај многумина е прашање дали се работи за хемиска повреда или психогена реакција или некоја друга патолошка состојба. Треба да бидеме внимателни и да не паничиме“, рече Берош.

Случајот со четвртиот пациент во Хрватска за ТВ Нова го потврди Рајко Остојиќ, специјалист по гастроентерологија и хепатологија и раководител на Одделот за гастроентерологија во КБЦ Загреб.

„Примивме пациент околу 20:00 часот. Се работи за млад човек кој е во клинички добра состојба, лекувањето е во тек и засега изгледа клинички добро“, рече Остојиќ и додаде дека постои сомнеж дека се работи за труење од пијалок. Но, нагласи дека се чека детална обработка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе