Вести Свет Топ вести

Убиено 11-годишно момче – од возило испукал 22 куршуми во толпа деца, напаѓачот во бегство – нов ужас во САД

Нов хорор во САД. 11-годишно момче е убиено кога од автомобил во движење маж испукал 22 куршуми во толпа деца. Повредени се уште 4 деца и еден возрасен. Напаѓачот е во бегство.

Според полицијата во Синсинати, возилото поминало покрај децата кои стоеле на патеката за пешаци, во локалниот парк, и низ прозороцеот истрелал 22 куршуми едно по друго. На лице место било убиено 11-годишното момче, повредени се три момчиња на возраст од 12 до 15 години, едно 15-годишно девојче, и една 53-годишна жена која била со децата. Во болница е едно од повредените деца, но е во стабилна состојба.

Локалните власти одбиваат да дадат коментар дали пукањето било со некаква цел или случајно, објаснувајќи и на јавноста дека тоа е премногу рано да се каже, а би пречело во истрагата. Напаѓачот не е достапен за органите на правдата.

На конференцијата за новинари која беше одржана доцна синоќа властите му порачаа на напаѓачот дека е подобро да се предаде, бидејќи секако ќе биде пронајден.

На оваа прес конференција беа присутни и таткото на убиеното дете, заедно со мајката и бабата на момчето,  исто така го повика одговорниот да излезе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе