Вести Свет Топ вести

Секој терорист ќе биде елиминиран – Израел ги проширува и интензивира операциите

Израел ги интензивира, но и проширува копнените операции во Појасот Газа, порача портпаролот на израелските сили Даниел Хагари. Во истовреме медицинскиот персонал и Обединетите нации изразуваат голема загриженост по вчерашните воздушни напади и проектилите кои паднаа во близина на болниците кои се засолништа на илјадници Палестинци.

Мета на израелските воздушни сили утрово бил и бегалскиот камп Јенин, при што во нападот, според Хагари, биле ликвидирани неколку вооружени милитанти на Хамас. Во ноќните и претпладневните рации во Јудеа и Самарија, како што нагласи, биле уапсени борци на палестинската милитантна група. Слична судбина, порача тој, ги очекува и припадниците на проирански Хезболах.

Додека израелските воздушни и копнени операции не стивнуваат, состојбата во енклавата се влошува од ден во ден. Хуманитарните работници порачаа дека најголемиот конвој со помош што пристигна во Појасот сè уште не ги исполнува потребите.

Војната меѓу Израел и Хамас влезе во 24-тиот ден, а започна откако милитантите на Хамас на 7 октомври ја пробија засилената израелска граница и извршија напади врз израелските погранични заедници, но и на музички фестивал, пришто киднапираа и над 200 лица.

Израел одговори со воздушни напади врз Појасот Газа и го запре снабдувањето со храна, гориво и други резерви како одмазда за крвавиот упад, ветувајќи дека ќе ја уништи милитантната група.

Министерството за здравство во Газа, под раководство на Хамас, вели дека над 8.000 Палестинци се убиени од почетокот на војната на 7 октомври. Израелските загуби, според официјалните извештаи, се над 1.400 луѓе, главно цивили.

Покрај тоа, 239 заложници беа однесени од Израел во Газа од страна на милитантната група. Досега се ослободени четворица заложници.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе