Вести Македонија Топ вести

Апелациониот суд во Битола работа со 50% помалку судии

Во Апелациониот суд во Битола недостигаат повеќе од половина од потребните судии од оние, а   има недостиг и од  судски службеници и стручни соработници. За  перцепцијата на граѓаните дека правдата е спора, се правдаат дека нема доволно кадар кој  ќе ги замени судиите кои заминуваат во пензија, а немаат ниту согласности за нови вработувања во администрацијата.

  • Можеби граѓаните имаат некакви забелешки дека се одолговлекува рокот, во сите судови е така. Но сметаме дека е објективна пречка, а не за субјективни. Овој суд треба да работи со 25 судии, а сега работи со 11. Секој судија во работа има над 150 предмети, можеби и повеќе, вели  Петре Србиновски, претседател на Апелационен суд Битола.

И во  Основниот суд во Битола се жалат дека   бројот на предмети се зголемува, а  се намалува бројот на судии. Лани овој суд со 17 судии примил 35 илјади предмети

  • По одлука на Судски совет треба да бидат 25 судии, а во моментот има  17 судии, од кои двајца  се делегирани во судовите во Прилеп и Крушево. Во наредните месеци 4 судии ќе заминат во пензија.  Нема голем застој на предмети, затоа што  судиите годишно  исполнуваат по три годишни норми, велат од Основен суд Битола.

Судовите во Битола, Скопје и други градови ги отворија вратите на Европскиот ден на  правдата, кој   македонското правосудство го одбележува во време кога се  бројат предметите за висока корупција кои застаруваат со измените во Кривичниот законик, но се бројат и   парите  од Буџетот што  ќе се одлеат за обештетување. Покрај неажурноста на судовите, годинава правосудството го следат низа  скандали,   што предизвика и остри реакции од  меѓународната заедница, а ЕУ испрати и оценска мисија за да ја скенира работата на Судскиот  совет.  Тоа ја урива довербата во судството, која е уште пониска од 4 проценти измерени лани во декември.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе