Вести Македонија Топ вести

Во наредните 24 часа ќе се знае дали „Еуроникел индустри“ ќе ја изгасне и последната печка

„Еуроникел индустри“ е пред згаснување. Струја за последната активна печка има за уште 24 часа, а пари за исплата на вториот дел од плата на вработените нема. Еден час траеше денешниот мирен протест на вработените пред портите на комбинатот, а од синдикатот соопштија дека генералниот директор не бил присутен во фабриката, ниту пак некој од менаџментот ги примил.

Менаџментот наредил да се изгасне и последната печка, но вработените одбиле да го сторат тоа, но проблемот е што доколку нема пари ќе се прекине испораката на струја.

„Моменталната ситуација во компанијата е следна. Во вчерашниот ден директорот даде наредба да се изгасне печката а тоа значи згаснување со работа на комбинатот минимум година. Ние како синдикат застанавме цврсто на своите ставови дека нема да ја изгаснеме печката и ако треба со жив штит ќе ја браниме компанијата. Да во право сте.Ние нема да дозволиме да се иклучи од нашите работници но доколку комбинатот не купи струја ЕВН со сигурност ќе ја сопре испораката на струја а тоа значи дека ќе застане фабрика. Во прашање се минути и часови“ изјави Игор Герасов, претседател на СИЕР.

Вработените сè уште чекаат на исплата на целосната сума од септемвринската плата.

„Вчера беше ветено дека септемвриската плата ќе се исплати во целост. Изминатиот период, пред три дена, е исплатена само минималната плата на работниците додека сите додатоци, сменско работење, ноќно и празници не е исплатено.Не можам да дадам конкретна информација, бидејќи генералниот директор денеска не беше на работа“, изјави Игор Герасов, претседател на СИЕР.

Од Синдикатот најавија дека и утре ќе се одржи едночасовен мирен протест пред влезот на „Еуроникел индустри“ и апелираа од надлежните да интервенираат и да се спречи згаснување наовој комбинат, каде што има огромен број на работници.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе