Премиерот одби да лицитира со датум за изборите напролет. Не одговори дали би можеле да бидат на 8 мај, како што предлага опозицијата, со тоа што вториот круг на претседателските би бил споен со парламентарните избори. Рече дека за деталите треба да разговараат работни групи кои треба да бидат составени од сите партии, а не само од две.
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, пак, синоќа изјави дека став и во партијата и во коалицијата е претседателските и парламентарните избори да бидат одвоени, но од Алијанса за Албанците излегоа со став дека нема логика во април – мај да има претседателски избори, а веќе во јуни-јули, парламентарни.
Се очекува владејачката коалиција да излезе со заеднички кандидат и на претседателските избори.
Опозицијата не ги открива адутите, но бара избори во ист ден, за да не се прават двојни трошоци во рок од еден месец.
Од Собранието засега нема најава за кога ќе биде закажана средба на работни групи кои би разговарале за деталите.
Далиборка Демјанска Цветановска