Вести Емисии Код

Македонци сведочат со каков страв и паника се соочиле по нападите на Хамас

Патот од Скопје до Велес за екипата на КОД беше лесен и предвидлив, но за велешанката Ѓурѓа Рушкова патот од Ерусалим до нејзиониот роден град беше неизвесен. Ја посетивме во куќата на нејзините родители каде ни раскажа за стравот и неизвесноста што ја доживеале откако Хамас изврши напад на израелска територија.

Таа и нејзинот син на 1 октомври од Лондон каде живеат долго време заминале за Израел за да ги посетат светите места. Биле група од педесетина луѓе од најразлични националности. Осум дена биле сместени во Палестина. Но, нивната туристичка посета на Витлеем преку ноќ се претворила во кошмар.

„На осмиот ден појадувавме сите заедно и требаше тој ден да одиме во Ерусалим. Наеднаш во ресторанот додека јадевме слушнавме пукање, бомби. Ги прашавме келнерите што се случува ни рекоа да не се грижиме, но како да не се грижиме, не беше тоа петарда. Во меѓувреме возачот дојде да не земе од пред хотел, но се јави на нашиот водич дека не може да влезе во Палестина границата е затворена“, вели Рушкова.

Останале два дена затворени во хотелот, по што Рушкова ја контактирала македонската амбасада во Тел Авив. Откако биле советувани дека границата може да се затвори започнуваат нивните обиди за евакуација и тогаш се се селат во друг хотел во Ерусалим, каде и се соочуваат со сериозноста на ситуацијата.

„Не се надевавме дека ќе не фати таква лудорија и страв во Ерусалим. Ги слушнавме сирените и нон стоп авиони имаше над нас. Небото не беше мирно“, додава Рушкова.

Таа заедно со нејзиниот син и  уште пет туристи повеќе не можеле да ја издржат тензијата и неизвесноста од чекањето, сами, на сопствена одговорност, решиле да се евакуираат преку Јордан, но се откажале од идејата, бидејќи биле информирани од израелската полиција дека на пат до соседната земја биле нападнати британски туристи. Сирени, пукотници и неповолни информации постојано пристигнувале до нив, па откако им попаднал првичниот план, со такси, се упатиле кон аеродромот во Тел Авив.

Нивната одлука се покажала исправна, бидејќи набрзо откако пристигнале на аеродромот од македонската амбасада во Тел Авив им јавиле дека има две авионски карти за нив до Атина, каде конечно биле не безбедно. Но, благата вознемиреноста од патешествието се уште се чувствуваше во гласот на Рушкова.

„Не ми беше толку страв за мене, колку за детето. Не знаеш кое е најправилно решение. Значи страв, гнев затоа што си немоќен. Многу страшно не би поскала никој да го доживее тоа“, истакнува таа.

Поради нападите и војната што избувна на Блискиот Исток по нив, 150 македонски државјани побараа евакуација од Израел. За таа цел Министерството за надворешни работи формираше Кризен штаб. Последните 90 од нив беа вратени во земјава во петокот со лет кој го организираше Владата.

„Почна да се пука да фрлаат гранати. Лошо беше многу лошо“, вели Марица Јаневска.

„Верувајте дека не е е лесно“, додаде Саше Јовановски.

Има случаи на контактирани македонски граѓани кои одбиле да се вратат, со објаснување дека не се чувствувале загрозени, но не се знае за колкав број се работи.

Искуствата на преживеаните, но и оние кои загубиле членови на своето семејство го заобиколија светот. Еден израелско-американски тинејџер успеал да спаси од Хамас, но цената ја платиле неговите родители.  Семејството живеело во јужен Израел во близина на границата со Газа.

„Терористите пукаа. Отворете ја вратата. Фрлија граната или нешто друго. Експлодираше. Последното нешто што го кажа татко ми е дека ја загуби неговата рака и тогаш мојата мајка умре врз мене“, изјави Ротем Матијас.

Неколку тајландски државјани беа евакуирани пред некој ден, иако бројката на пријавени е 6000. Околу 30 илјади Тајланѓани работат во Израел. Некои од нив беа убиени или ранети.

„На враќање во нашиот дом слушнавме ситрели. Бев застрелан во коленото. Мислев дека ме уди камен, но куршумот помина. Само му кажав на возачот да не однесе оттаму“, рече повредениот Катчакорн Пудатсон.

Македонија е една од ретките држави во Европа и светот која нема никакви политички и дипломатски односи со Палестина. Во солидарност со Израел на фасадата на македонската Влада осамна и знамето на земјата со која имаме соработка, а на почетокот на годинава беше потпишан и договор во областа на електронските комуникации и поштенските услуги. Туристичките агенции во меѓувреме ги откажаа аранжманите за Израел.

На Рушкова туристичката посета на Израел имаше среќен епилог и сега таа и нејзиниот син се во нивниот дом во Лондон, но сликите од тоа што го преживеале ќе останат во нивната меморија. Сега таа се надева дека  мирот ќе преовладее.

„ Се надевам дека сите што се таму ќе се извлечат и ќе се спасат. Посакувам земјата да се смери ова што го гледаме е страшно“, порачува Рушкова.

Хуманитарната канцеларија на ОН соопшти дека 263.000 луѓе се раселени во Газа, од почетокот на бомбардирањето на Израел врз областа. Повеќе од 1.000 станбени единици се уништени, а околу 560 се сериозно оштетени и непогодни за живеење. Војната според нивните проценки до сега однесе повеќе од 2.200 животи од двете страни, а очекувањата се дека допрва ќе има ескалација на состојбата.

Марија Митевска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Второнаградените кочански средношколци на ЕУСАИР 14.05.2025

Дејан Дејан

Топ Тема – Кочани одново и одново ја преживува трагедијата 14.05.2025

Дејан Дејан

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе