Вести Македонија Топ вести

Среда, 8 мај, изборен ден во најава?!

Уште еден неработен ден во најава. Но, наместо на излет, граѓаните ќе треба да излезат на избори. Среда, 8 мај, е сè поизвесниот компромис кој се очекува да се постигне меѓу партиите, откако вчера  потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, изјави дека тоа е единствениот ден на кој теоретски може да се спојат парламентарните и претседателските избори и да се запазат сите законски рокови, а денеска и опозицискиот лидер го прогласи овој ден за најсоодветен.

Мицкоски повтори дека нема логика да се трошат милиони народни пари и во рок од еден месец да има два циклуса на избори. Предупреди и дека државата е веќе во уставна криза, со оглед на тоа што  ДИК има шест од седум членови, од кои опозициски се само два. Вели дека, ако во најбрзо време не се номинира претставник од опозицијата, можно е процесот од самиот почеток да биде предизвикан пред македонските институции.

И останатите опозициски партии бараат што побрзо да се утврдат рокови за изборите, кои исто така посакуваат да бидат споени.

Засега не е  закажана работна средба на која би се расправало за ова прашање, но тимовите веќе се екипираат. Од ДУИ велат дека воопшто не се загрижени за датумот на избори.

И додека партиите калкулираат со датумот за избори, се јави и првиот претседателски кандидат. Доктор Вело Марковски објави дека ќе се кандидира за претседател на државата на изборите напролет, а кандидатурата официјално ќе ја претстави задутре. За да може да се кандидира, ќе треба да собере 10.000 потписи или да биде поддржан од најмалку 30 пратеници.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе